Со нова енергија и нов фокус насочени кон Холандија, македонските ракометари денеска го продолжуваат настапот на Светското првенство.
Во тимот веќе се приклучи ракометарот на Вардар 1961, Давид Савревски, кој ќе го замени својот клупски колега, Томислав Јагуриновски, кој на дуелот против Норвешка се здоби со повреда на скочниот зглоб и поради тоа веќе ги заврши настапите на Мундијалот.
Како што најави селекторот, Кирил Лазаров, отсуството на Јагуриновски, ќе биде покриено со повеќе ракометари.
Натпреварот почнува во 18 часот, а напиоте ракометари повторно ќе имаат силна поддршка од „фалангата“, која и на ова првенство со голема масовност дава поддршка од трибините.
Comments are closed for this post.