Македонија е поразена и на вториот меч од Светското првенство(34-24).Овојпат подобра беше Холандија.Нашите момци не успеаја да одоворат на брзата игра на Холанѓаните и на полувреме се замина со -7.

Во вториот дел Македонија беше нешто подобра и дојдовме и до минус 4 но тогаш се случи исклучувњето на Талески и Холандија повторно направи предност. Очигледно е дека играчот на Вардар не е подготвен за ова СП но и селекторот Лазаров нема многу избор на бековските линии.

Наша последна шанса за пласман во вториот круг е Аргентина, селекција против која можеме да играме и да ја победиме.Мечот се игра во вторник во 18 часот.