Oваа подмладена македонска репрезентација на Македонија има иднина.Тоа може да се заклучи од првиот меч на СП во Полска против Норвешка. Загубивме (39-27) но не разочаравме.

Македонија против еден од фаворитите за светска титула се држеше сосема добро. На голот го имавме одличниот Митревски кој „фати“ неколку зицери и не оставаше во игра.
При крајот на полувремето имавме и изедначување но тогаш се случи глупото ислучување на Серафимов и нашата концетрација падна.

Набрзина примивме неколку голови кои не успеавме да ги надокнадме во второто полувреме.

Манасков по повредата ни беше повеќе од потребен, но се чини дека потфрли Гоце Георгиевски на десната страна.

Исто така на бековската позиција и тоа како се чуствува отсуствотото на Лазаров но се чини дека ќе мора да се навикнеме дека ова е Македонија со некои нови клинци на кои им треба време да созреат.

А тоа се прави само на големи натпревари и натпреварувања како Светското првенство.