Никакви средби, и спроведување на туѓи агенди нема да го спасат од катастрофален пораз Димитар Ковачевски и СДСМ на следните предвремени парламентарни избори.Целосниот молк за средбата во Тирана, е само уште еден доказ дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера, анализира ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа средба е токму на барање на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија-велат од опозициската партија.
Евидентна е паниката и стравот на СДС и ДУИ за опстојувањето на нивната влада, бидејќи вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па затоа им беше потребна оваа средба
СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана на маса ќе добијат повторно штетни договори, кои за спас на своите кариери безпоговорно ќе ги прифатат?Државните прашања и националните интереси, како и одлуките за државата се носат во Македонија и македонското Собрание.Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе го казнат ова антидржавно однесување на СДС и Ковачевски.
Comments are closed for this post.