Девет општини од Македонија: Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип ja добија Европската ознака за извонредност на управувањето.
Од деветте општини седум се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, додека една има независен кандидат и една е управувана од градоначалник на СДСМ, што е вистински доказ за работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, смета и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Европска потврда дека не сме сите исти. Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) додели Европска ознака за извонредност на девет општини од Македонија, седум од девет општини се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Честитки за Тимчо (Аеродром), Тони (Битола), Миле (Виница), Горан (Неготино), Стевче (Новаци), Ацо (Радовиш) и Иван (Штип), покажувате дека и во исклучително тешки услови за работа кога се работи чесно и посветено резултатите се неизбежни. Европско управување во Македонија е можно, има надеж, потребна е промена за Македонија да почне да победува….
Comments are closed for this post.