Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави протесна нота до Бугарија поради навредите на европратеникот Ангел Џабаски.
Оваа вест би требало да биде сосема нормална и да не и се придава никакво значење.
Но, тоа се однесува на нормални власти и држави. Не и кога станува збор за актуелната и за поранешната власт на „Cеверна“.
За овие пет години откако ДУИ и СДСМ се на власт ниту еднаш не испрати ни реакција а камоли протесна нота до официјална Софија за сите навреди кон Македонците кои ги упатуваат не само Џамбаски, туку и Ковачев, Бојко Борисов, Румен Радев, Петков, Трифонов,Каракачанов, Захариева….
Бугарските политичари без разлика дали се на власт или во опозиција како да се натпреваруваат да дадат што попонижувачка изјава за Македонците, за нашиот јазик и идентитет надевајќи се дека ќе добијат политички поени.На некои тоа им им успеа па со помош на Македонија дојдоа или се одржуваа на власт.
Некои пак „Македонија“ ги „закопа“ како Трифонов или Каракачанов и ги испрати во политичка пензија. Од партијата на Каракачнов доаѓа и Џамбаски се уште не е разбуден од Санстефанска Бугарија, Охрид как бугарски центар и сл.
Не така одамна претходникот на Османи, Никола Димитров велеше дека „пријатели треба да разговараат а не да си праќаат протесни ноти“.
Очигледно, времињата се смениле и дека пријателите веќе не се толку големи пријатели. Освен кога се напаѓа премиерот. За власта, Македонците и онака не се важни.
Comments are closed for this post.