Во Скопје утрово има прекин во функционирањето на јавниот градски превозот. Сообраќаат само приватните автобуси, а не и оние на ЈСП „Скопје“.

Вработените во ЈСП „Скопје“ за МИА изјавија дека утрово е забранет влезот во кругот на претпријатието во населбата Автокоманада и оти во дирекција има зајакнати контроли. Автобусите, како што велат, се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за рачна момба. Известувањето било било пратено синоќа по е-маил на претпријатието.

Од МВР информираат дека денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП „Скопје“.  по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП „Скопје“.

-Ј.И. од неговиот меил на службениот меил на ЈСП „Скопје“ и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други  служби во ЈСП „Скопје“ со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денеска за време на протестите, се вели во соопштението.

Од МВР информираат дека се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.