Левица денеска до Државната изборна комисија за поднесе граѓанската иницијатива за дополнителен референдум под прашањето „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022“.
-Сметаме дека народот мора да го има последниот збор за прашање од национален интерес. Очекуваме да немаме проблеми, бидејќи иницијативата е правно коректно напишана. До крајот на неделата очекуваме да бидат собрани потребните потписи во 30 општини, рече претседателот на партијата Димитар Апасиев.
Пратеникот очекува за 90 дена, односно до крајот на календарската година да бидат собрани потребните 150.000 потписи. Следната недела очекува иницијативата да биде пуштена во собраниска процедура без да биде отфрлена од претседателот на Собранието, Талат џафери.
-Не очекуваме да биде отфрлена. Тој нема такви ингеренции, но доколку тоа се случи, целосно ќе го блокираме Собранието. Тој не е надлежен материјално да се впушта во оценка. Затоа не очекуваме посериозни проблеми, изјави Апасиев.
Левица досега нема разговарано со другите партии, но Апасиев очекува поддршка од целиот антивладин блок.
„Од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка, без ванчомихајловистичките хегемонистички барања“, ги нагласи Апасиев своите очекувања од рефрендумот.
Comments are closed for this post.