И покрај тоа што францускиот предлог не е избалансиран Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите кои се важни за граѓаните и ќе ја придвижат земјата напред, изјави Едвард П. Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс (Johns Hopkins School of Advanced International Studies) од САД.
-Преспанскиот договор беше постигнат на фер основа бидејќи, иако Грција беше членка на НАТО и ЕУ, преговорите се водеа на еднаква основа и беше постигнат фер компромис со отстапки од Грција и од Македонија. Францускиот предлог пак воопшто не ја засегна предноста на Бугарија и тој го одразува тоа. Тоа, е вели, исто така е грешка и на САД и на ЕУ, бидејќи создава лош преседан во Унијата. До граѓаните на земјата е да решат, дали тој го загрозува или не македонскиот идентитет. Но сакам да подвлечам дека е важно да се искористат предностите од скрининг процесот, без оглед на Бугарија. Тој не е во интерес на Бугарија, туку на граѓаните на оваа земја. Искористете го и направете максимум во реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и други важни реформи кои ќе ја придвижат земјата напред и ќе им покажат на граѓаните дека тоа е реално и е важно, вели Џозеф на новинарско прашање кој денеска учествуваше на годишната меѓународна конференција „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“ во Скопје.
Тој смета дека со оглед на тоа дека САД и ЕУ не успеаја да ја стават Бугарија на исто ниво со Македонија, како што беше со Грција, и и овозможија да ја зачува нејзината предност, Македонија треба да бара од САД, особено од Франција, но и од Германија, па и од Велика Британија афирмација на македонскиот идентитет, цврсто признавање на македонскиот народ, македонскиот јазик, па и на аспекти од македонската историја, и тие можат да го направат тоа.
Comments are closed for this post.