Натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Фенербахче и Динамо Киев беше одбележан со шокантни провокации на турските навивачи.

Навивачите на Фенер му скандираа на Владимир Путин на натпреварот против Украинците и со тоа предизвикаа голема бура во јавноста.

 

 

– „Ла, ла, ла, Владимир Путин…“ – се слушаше од грлата на десетици илјади навивачи на домашниот тим.

Во украинскиот гигант се згрозени од однесувањето на навивачите на турскиот тим.

“Одигравме како што се договоривме. Не обрнувавме многу внимание на навивачите, но навистина не очекував вакво нешто. Ова навивање е ужасно, што да кажам друго”, изјави стратегот на украинскиот клуб.