Спортската јавност во Хрватска е шокирана од веста за смртта на познатиот ММА борец Маре Перак, повеќекратен светски шампион во тешка и полутешка категорија.

Перак (39) беше прославен борец од Дубровник кој направи многу за популаризација на боречките вештини во Хрватска. Според хрватските медиуми, тој починал ненадејно  откако му се слошило.

Дубровчанецот беше светски шампион во тешка и полутешка категорија, а во кариерата имаше бројни борби против светски гиганти. Го победи и познатиот Боб Сап пред 11 години.