Пред 4-5 дена јавно кажа дека нема да гласа за промена на Уставот заради задоволување на болните амбиции на Заев, Ковачевски и Османи, a ,ноќеска е запален автомобилот на колегата Петар Ристески од Прилеп, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, полковник Драган Ковачки, нарекувајќи го ова кукавички чин позади кој, како што вели е убеден дека стојат „платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“.
Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Дома, пред жена, деца, родители…СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси, пишува Ковачки.
Ова е напад на пратеник, потенцира тој, и ова е сериозен удар и назадување во демократијата.
После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ.
Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ ѝ прави штета на Македонија.
Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат.
Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат сè за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат сè само за да ги остават некој месец плус на власт.
Попусто, пишува Ковачки.
СДСМ,им се обраќа тој, залудни ви се обидите. Ниту ќе исплашите некој, ниту ќе го разубедите во вашите сценарија против Македонците.
Само за потсетување, пред околу 10-тина месеци, во екот на кампањата за локални избори, на јавноста ѝ презентиравме вибер – комуникација помеѓу припадници на МВР чија задача беше да врши насилство и закани кон членови и симпатизери на опозицијата.
Организацијата на таа група водеше до врвот на МВР, односно до советникот на министерот Спасовски, инаку роден Прилепчанец.
Иако јавно баравме да се истражи случајот и за истите да има санкции, до денеска такво нешто нема, а поединци од таа злосторничка група дури добива и парични награди за наводни прекувремени ангажирања кои никогаш не се остварени.
И сега јавно го прашувам Министерот Спасовски, кои полициски службеници ќе го истражуваат овој настан и како ќе заврши? Тие што ги наградувате или можеби ќе го пратите советникот за дрогата да ја координира акцијата?
Ковачевски и Спасовски, ги преминавте границите на пристојноста. Ова вака нема да остане. Порано или подоцна, сите сметки ќе мора да се подмират.
За крај, настрана од тоа што полтронската Влада сама се нудела да прифати сè што бараа Бугарите, сакам да укажам да не се чудите зошто ЕУ ги прифатила сите барања на Бугарите.
Затоа што гледа со какви „цивилизирани структури” во Македонија си има работа, вели тој.
Comments are closed for this post.