Претседателот Порошенко потпиша предлог закон со кој преминот директно од Русија на Крим ќе се смета за кривично дело за кое се предвидува затворска казна во траење од три години.
Украинската гранична служба го контролира копнениот влез во Крим, кој Русија го припои во 2014 година, но поголемиот дел од патниците претпочитаат на полуостровот да пристигнат директно од Русија, која таквите патувања ги третира како патувања на своја територија, додека Киев таквите летови ги смета за илегални преминувања на украинската граница.
Парламентот во Киев денеска соопшти дека претседателот Порошенко потпишал предлог закон со кој таквите преминувања ќе се сметаат за кривично дело за кое е предвидена казна во траење до три години.
Comments are closed for this post.