Досегашните коалициски партнери во Бугарија стагнаа до тужби.Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов синоќа најави дека ќе поднесе тужба против бугарскиот премиер Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и министерот за спорт во оставка Радостин Василев. Според него, ова се должи на фактот, како што вели, неколку пати бил наречен „мафија“.

-Денес неколку пати слушнав дека јас сум мафијата од страна на премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и Радостин Василев, кого не знам како да го дефинирам. Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже нешто за секого, но мора да одговара за своите зборови. Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги. Ги добив сите случаи. Сега ќе поднесам тужби против Кирил Петков, Асен Василев и Радостин Василев за нивните лаги и сугестии. И, се разбира, ќе ги добијам. Фактите се против лагите и клеветите, објави Трифонов на Фејсбук.

 

 Претходно од неговата пртија побара затворена седница на Парламентот посветена за Македонија, на која министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска „ќе изнесе информации“ и ќе ги претстави тајните стенограми за водени разговори за таа тема