Шефот на бугарската држава ова денеска го изјави пред новинарите, откако бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот, го повика да свика седница на Консултативниот совет за национална безбедност на тема Македонија.
Колку повеќе бугарската Влада се придржува до официјалната бугарска позиција изнесена во документите усвоени од Народното собрание и на последниот состанок на Консултативниот совет за национална безбедност, толку повеќе Владата на Кирил Петков го слуша гласот на Бугарите во Бугарија и во Македонија, смета бугарскиот претседател Румен Радев.
Шефот на бугарската држава ова денеска го изјави пред новинарите, откако бугарскиот премиер Кирил Петков во петокот, го повика да свика седница на Консултативниот совет за национална безбедност на тема Македонија.
Во врска со тоа дали има промени во позициите на европските партнери и дали има напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство од страна на Македонија, Радев истакна дека за овие прашања треба да чуе од премиерот. Нагласи дека прво ќе го слушне ставот на Петков за Македонија, но не прецизираше дали ќе свика седница на Советот.
-КСНС е орган за помош во дијалогот и за барање на заедничко решение за важни национални прашања. Во однос на Република Македонија не само што има широк консензус, туку тој е силно изразен. Властите треба да се на чисто со ова. Доколку дијалогот во самата владејачка коалиција е нарушен, тоа треба јасно да се каже и да се посочат причините за тоа, рече Радев.
Тој изјави дека ќе продолжи да работи во насока на почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест во Македонија. Според Радев, на Бугарија и треба стабилност, транспарентност и принципиелно владеење.
Comments are closed for this post.