Со оглед на тоа што и бугарскиот премиер денеска е во Рим, ќе имаме средба на која ќе стане збор за напредокот на разговорите помеѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, изјави премиерот Димитар Ковачевски по аудиенцијата кај папата Франциск во Ватикан во одговор на прашање во врска со очекувањата од средбата со Кирил Петков, јави известувачот на МИА .
Ковачевски рече дека со бугарскиот премиер Петков имаат редовна комуникација која, како што рече, се одвива на најразлични теми.
-Денеска ние имавме состанок и со други официјални лица во Ватикан, со лица задолжени за меѓународни односи, со секретарот на Ватикан. Исто така, во текот на попладневните часови ќе имаме и средба со бугарскиот премиер. Јас и бугарскиот премиер имаме редовна комуникација која се одвива на најразлични теми и со оглед на тоа дека и тие денеска се во Рим, ќе имаме средба на која ќе разговараме за напредокот на разговорите помеѓу министерствата за надворешни работи, изјави Ковачевски
Comments are closed for this post.