Како што пишуваат српските медиуми, во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Србија кај Нови Сад загинал хрватскиот државјанин М.А. (56) кој управувал Пежо со македонски регистарски таблички. Децата и жените се од Македонија.Несреќата се случила околу 11:50 часот во близина на клучката Ковиљ откако возилото се судрило со друг автомобил.
Пежото е целосно уништено. Автомобилот излетал од автопатот во ливадата, а наоколу останале расфрлани предмети од автомобилот.
Луѓето беа извлечени од автомобилот од страна на пожарникарите.
Comments are closed for this post.