Знамињата на државите што ја поддржуваат Украина, меѓу кои и македонското, се аплицирани на дресот на фудбалската репрезентација на Украина наменет само за пријателските натпревари во мај, почнувајќи од вечерашниот кај германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах.
Над картата на Украина обрабена со знаменцињата на предната страна од дресот стои логото „У24“, кое ја симболизира онлајн платформата за прибирање финансиски средства за помош на земјата, иницирана од претседателот Володимир Зеленски.
Бројот на задниот дел од дресот, пак, ги содржи имињата на украинските градови во кои се водени борби со руската армија.
Comments are closed for this post.