„Внимавајте-овој пат е опасен по вашиот живот“. Табли со ваков натпис треба да бидат закачени на речиси сите патишта низ Македонија. Во ова може да се увериме ако тргнеме од Скопје кон Охрид или кон Велес и Битола.
Овие патишта може да се наречат секако, но не и автопат. Само што ќе тргнете од Скопје уште пред Катланово патот се прави во едниот правец и само господ знае кога ќе биде готов. Сообраќајот е пренасочен во другата лента и така е се до пред тунелот.
Вистинското искушение почнува кога ќе се искучите од автопатот кој води кон Неготино и ја почнувате авантурата наречена Градско-Прилеп.
Новиот експресен автопат не е до никаде а згора на тоа и постоечката делница е уништена и небезбедна. Од селото Радобил па се до пред превојот Плетвар има поставено столчиња кои како да ги местел некој пијан човек. Столпчињата се распоредени без никаков редослед и на мало растојание па едвај низ нив поминува автомобил а камоли камион или автобус.
На моменти не знаел дали скијаш или пак управуваш со возило и ти треба вистинска умешност да се пробиеш низ капиите.
Уште поголемо изненадување беше во вечерните часови кога се забележува дека столпчињата не се флуоресцентни туку најобични па на возачите им преостанува да се прекрстат покрај многубројните црквички-параклиси и да се помолат безбедно да стигнат дома.
Comments are closed for this post.