Во Македонија не ограбил фабрика за марихуана само оној што не се обидел. Зачестија грабежите во многубројните погони за прозводство, посебно во источниот дел. Полициски службеници од Полициското одделение Ново Село синоќа во 23 часот затекнале тројца крадци како се обидуваат да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана во местото „Добрава” во близина на село Сушица, Струмичко.

Од слобода се лишени Р. К. (23) од село Дрвош, Струмичко, С. Р. (21) и Б. А. (21) од Радовиш. Тие се задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознат Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство.

Според информациите од полицијата во текот на денешниот ден против нив се очекува да биде поднесена соодветна пријава.

Минатата недела во фабриката „5 летерс“ во селото Алдинци, крушевско беше украдено масло од канабис вредно два милиони евра.Сторителите се уште не се откриени а фабриката е во стечај.

93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев.

Пред неколку месеци пак слична кражба имаше и во селото Јосифово, струмичко.