Цар Самоил е завршена работа, ќе има заедничко чествување, изјавија членовите на бугарската историска Комисија при влегувањето во Министерството за надворешни работи на денешното продолжение на дводневната средба на заедничката комисија за прашања од историјата и учебниците.
Ова е втората од предвидените пет средби за оваа година на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. На дневен ред се забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.
Конкретните информации за каков напредок е постигнат се очекуваат по завршувањето на средбата.
Дали Гоце Делчев ќе стигне на денешната агенда, зависи од времето со кое ќе располагаат, додадоа членовите на историската комисија на Бугарија.
Comments are closed for this post.