Овие два дена во Стразбур се одржува вонредна сесија на парламентарното Собрание на Советот на Европа. Основна тема е војната во Украина и сета онаа несреќа која што се случува во Украина. Бројни човечки животи се изгубени, многу добра се уништени, и има веќе десетици и стотици илјади бегалци. Овој воен конфликт, оваа војна агресија, оваа војна мора да запре, вели во видео порака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој додава дека тоа е основното, што се дискутира во Стразбур, и оти се размислува и за исклучување на Руската Федерација од активностите во Советот на Европа заради непријателските активности кои што ги преземаат.
-Она што особено го потенцирам е дека украинскиот народ и македонскиот народ имаат многу сличности. Како што е оспоруван украинскиот национален идентитет, така од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот национален идентитет. Како што е оспоруван украинскиот јазик, на ист начин од страна на Бугарија е оспоруван македонскиот јазик. Како што страда украинскиот народ, страда и македонскиот народ.
И затоа сме ние два народи кои што се борат за демократија и за слобода.
И затоа оттука од Стразбур ја повикувам ЕУ ден поскоро, час поскоро да определи датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ. Затоа што е само пат кон демократија и кон почитување на основните човекови права.
Ги оставаме на страна разликите, во Македонија има власт која што е целосно неспособна, која што не знае да се справи со економската и политичката криза. Но, тоа се работи кои што ќе ги разговараме дома. Она што е битно е ЕУ да определи датум за почеток на преговори со заштитен македонски национален идентитет и со заштитен македонски јазик, вели Николоски.
Comments are closed for this post.