Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од министрите од неговата партија во Владата на Македонија, се сретна со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

 

 

Од витално значење е Косово и Македонија да го продолжат патот на развој и интеграција во Европската унија со меѓусебна поддршка, така што денеска во Приштина седнавме на заедничка работна маса со премиерот Албин Курти и членовите на неговиот кабинет, објави Ахмети по средбата на социјалната мрежа Фејсбук.

Понатаму, Ахмети нагласува дека со институционално координирано дејствување наскоро ќе можеме да реализираме крупни проекти за поефикасна национална интерконекција меѓу нас, како што се патниот правец Тетово – Призрен, автопатот Приштина – Блаце – Скопје, заедничкиот граничен премин и да се интензивираат економска и туристичка соработка меѓу Попова Шапка и Брезовица.

 

 

Продолжуваме да му даваме поддршка на Косово во однос на изнаоѓање решение со Србија преку заемно признавање како важен процес за стабилност и развојна перспектива на целиот регион, нагласува Ахмети.