Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува жестока дебата во Собранието за предложените уставни амандмани.
Утре тој ќе се сретне со пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и како што информира ќе се одредат позициите како ќе се делува од среда натаму.
Јас очекувам една жестока критика на сето она кое што ќе биде предложено од страна на владејачкото мнозинство и од страна на Владата и во рамките на комисиската расправа а потоа и во рамките на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за Подобра Македонија. Сето она кое што претходно го излажаа од страна на владеачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред македонската јавност да види со какви политичари има работа по кој знае кој пат, кои што едно зборуваа претходно, а друго всушност имплементираат на дело , вели Мицкоски во интервју за Сител.
Мицкоски вели дека одлуките кои стигнуваат во Собрание ги добиваат сосема неочекувано. Како пример тој го посочи вметнувањето на Охридскиот договор во амандманите каде што претходно не ни било во предвид да се дискутира на оваа тема за подоцна да се види дека тоа не е точно. Tој очекува наскоро да има избори.
Нормално е како опозиција да се подготвуваме за избори и нормално е секогаш да посакуваме предвремени парламентарни избори. Очекувам во следниот период тие и да се случат и затоа ВМРО ДПМНЕ интензивно работи на тоа, вели Мицкоски.
Comments are closed for this post.