Во пресрет на следниот состанок на Комисијата, предвиден за в четврток, Димитров истакнува дека на него ќе се разговара за она „за што се зборува веќе пет состаноци по ред“.
– Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев, вели Димитров.
Запрашан за иднината на Комисијата, Димитров вели дека колку и да изгледа дека нејзината работа не дава резултати, таа сепак го привлекува вниманието на јавноста во двете земји, бидејќи прашањата за кои расправа ги засега луѓето.
– Комисијата е показател за состојбата на билатералната комуникација, смета Димитров.
Тој во гостувањето на БНТ наведува и дека македонските историчари не се подготвени да работат „според принципите карактеристични за секоја наука – упатувањето и почитувањето на фактите и изворите“.
– За нив ова е лизгав терен, бидејќи нема ниту еден историски доказ во кој се зборува за постоење на македонски народ, македонска држава и дека Самуил е македонски цар, врз основа на што би се започнала една сериозна дискусија, додава Димитров
Comments are closed for this post.