Македонија се пласираше во бараж па многумина се прашуваат што значи тоа. „Пресинг ТВ“ ќе се обиде на едноставен начин да ви објасни коj e патот кој може да не одведе до СП во Катар.
Десете втори репрезентации сосе девете од Лигата на нации формираат три групи од по четири репрезентации.
Трите репрезентации од групите имаат право да бидат домаќини во групите. Се игра по еден полуфинален меч.
Победниците од полуфиналните двојќи ќе играат меч за пласман во Катар но кој ќе биде домаќин ќе биде одредено со ждрепка.
Што тоа значи за Македонија
Македонија сигурно нема да биде домаќин во некоја од квалификациските групи.Доколку победиме во полуфиналето може да се случи во финалето да бидеме доамаќини.
Со која репрезентација ќе играме се уште не се знае бидејќи денеска и утре треба да се доиграат уште неколку мечеви.
Можни ривали се Италија, Швајцарија,Шкотска, Полска, Велс но и големиот фаворит Португалија. Тоа значи дека е можно Кристијано Роналдо да го видиме на „Градски“.
Ждрепката е на 26 ноември, а баражите се во март догодина.
Comments are closed for this post.