Мојата партија избега во една друга насока, побегна од идеологијата. СДСМ отсекогаш била државотворна партија која што ги носела клучните одлуки за оваа држава, во најтешките моменти и изнаоѓала начин како да ги преброди сите кризи. Голем број на луѓе од раководството кои што денеска се во тоа мое СДСМ, всушност, и никогаш не ни припаѓале во партијата, во моментов дури и биле многу поблиски со одредени други политички структури, и успеаја да се наметнат во таа лоша имплементирана кадровска политика. Еве конкретен ќе бидам, Фондот во министерство за здравство го водат луѓе кои што не се блиски до СДСМ. Или да го земам Филипче кој што никогаш не ни бил нешто во СДСМ. Мила Царовска која што дојде од невладин сектор, истакна Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во утринска емисија на Телевизија 24.
Димитриевски додаде дека тие луѓе кои што сега ја креираат кадровската политика во СДСМ треба да бидат минато.
– Во овие избори кандидатите за градоначалници на СДСМ не доживеаја пораз, туку доживеаја политиките кои што се спроведуваат на централно ниво, заклучи Димитриевски.
Comments are closed for this post.