Грчката крајбрежна стража уапсила членови на меѓународна мрежа за шверц, кои биле фатени додека се обидувале нелегално да пренесат мигранти во Италија.
Криумчарите, од кои четворица биле грчки државјани, биле фатени со 119 мигранти во два автобуси на пристаништето Катаколо на полуостровот Пелопонез, соопштија претставници на крајбрежната стража.
Шверцерите се обиделе да ги префрлат мигрантите на брод, со кој требало да стигнат до Италија.
Според припадник на крајбрежната стража, групата веќе неколку месеци пренесувала луѓе од Грција во Италија
Comments are closed for this post.