Министерот за надворешни работи Бујар Османи , синоќа во интервју за Канал 5 рече дека за сите шест точки од билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија, произлезени од самиот во Брдо, постои простор за изнаоѓање на решение и навистина би било жално ако ја пропуштиме оваа шанса.
Тој информира дека во моментов Владата работи на одговор на предлогот-решенијата на Софија во однос на петте прашања, но претходно треба да се состане Историската комисија. Османи не кажа конкретно дали кон крајот на месецов и почетокот на ноември ќе се потпише протоколот со Бугарија.
– Доколку се постигне договор за тие пет точки, треба да има уште една точка, а тоа е да има поддршка од Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција на одреден датум. Мора да има „пет плус две точки“ за да има договор. Ако се случи тоа, тогаш на меѓувладината комисија, треба да го усвоиме тој договор, кој ќе биде потврден од двете влади. И паралелно се разговара за позиција на тој патоказ во европскиот процес. И ние сметаме дека португалскиот предлог е решението, вели Османи.
Comments are closed for this post.