Кај Заев нема ништо европско и кога ќе слушнете полна уста за Европа верувајте ми повторно кажува една нова лага. Па европско ли е тоа да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа? Европски ли е тоа половина милион граѓани да живеат со 150 денари, праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на митингот во општина Ново Село.
Мицкоски вели дека во европските држави нема премиери кои се аболицирани за криминал, но и дека има казни за криминалците за разлика од Македонија.
Европски ли е тоа криминалците наместо во затвор, да се на слики со премиерот и министерот за полиција? Во ЕУ премиери не се аболираат. Во ЕУ батињата не садат плантажи со марихуана. Во ЕУ има казни за криминалците, а не како кај нас, порача Мицкоски.
Затоа во тие говори на Заев кои се преполни со ЕУ нема да го слушнете зборот инфлација или нискиот стандард и нема да слушнете цената на млекото, на зејтинот, на брашното, споредено со минатата година е драматично зголемена, потенцираше Мицкоски.
Comments are closed for this post.