Oд вашата одлука зависи колку сакате да се променат работите. И треба да знаете дека со Заев на чело на државата шансите и се буквално нула за позитивно да оди напред, буквално нула, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пред граѓаните во општина Василево.

Николоски истакна дека овие избори се референдум дали Македонија ќе се менува, или ќе се дозволи на Заев уште четири години национално да ја обезличува државата, и економски да ја пустоши.

Она што е сигурно дека со оваа власт државата тоне, не создава иднина и ги уништува шансите за било каков напредок. Власта се плаши од вас, власта се плаши од пораз. Уплашени се им се гледа и затоа овие избори се референдум, овие избори се референдум за владеењето на оваа ненародна власт. На 17ти октомври покрај за градоначалник, покрај за носител на листа, одлучуваме и за тоа каде ќе се движи Македонија, рече Николоски.

На 17ти октомври одлучуваме дали Македонија ќе се менува и ќе дојдат промените во Македонија, или ќе се дадат уште четири години можност на Заев и неговата екипа национално да ја обезличува и економски да ја опустошува Македонија, потенцираше тој.

Николоски пред граѓаните на Василево посочи дека додека трудот и маката на луѓето им го јаде зелената мафија, Заев вози ново БМВ кое како што рече тој чини од 100 до 120 илјади евра.

Додека вие тука се мачите и маката ви ја цица зелената мафија која што ви го јаде трудот, Зоран Заев вози нов тип БМВ 7 кое што кошта некаде околу 100 до 120 илјади евра. Тоа е отприлика колку 20 цели семејства да работата цела година и се што ќе заработат да продадат, нагласи Николоски.