Европската унија на самитот во Словенија усвои декларација од 29 точки посветени на односите со Западниот Балкан. Посебно внимание привлекува точката 3 која говори за перцепцијата која ЕУ ја има во земјите од регионот и на односот на политичарите и авторитетите кон она што Брисел го прави.
ЕУ е далеку наблискиот партнер во регионот, главен инвеститор и главен донатор.Невидените размери и домети на оваа поддршка мораат потполно да бидат препознаени и пренесени во јавните дебати и комуникациите од страна на партнерите-стои во декларацијата.
Преведено, ЕУ сака за неа да се зборува само со убави зборови како во медиумите така и меѓу политичарите. Но, реалноста е дека поддршката кај граѓаните кон ЕУ се намалува, особено ветувањето што ни го дадоа дека доколку го смениме името сигурно ќе почнеме преговори и дека во скоро време ќе станеме и членки.
За да и се додвори на ЕУ власта дури и референдумското прашање го врза со ЕУ. Дури се организираше кампања дека со влезот на ЕУ ќе имаме бесплатни здравствени услуги и квалитени вакцини, а и дека ЕУ ја помага Македонија со 260.000 евра дневно.
Comments are closed for this post.