Огромен скандал го тресе Град Скопје и ЈП Водовод и канализација и нивните челни лица Шилегов и Весковски, а институциите трет ден молчат. Завчера самото ЈП Водовод призна дека сторило кривично дело и дека најпрвин се реализирала реконструкцијата на улица „Варшавска“, па дури потоа на први октомври согласно документите кои што тие ги испратија како демант, а всушност признаа вина е избрана фирма изведувач која што ја работела всушност реконструкцијата претходно.
Вчера презентиравме докази во јавноста дека тендерот за реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ е наместен, денес ќе презентираме во продолжение на уште докази, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Во продолжение на вчерашниот доказ дека на барање за надзор за изградба од 24 јули 2020 година, каде што јасно пишуваше дека изведувач на работите ќе биде фирмата КОДИНГ 2 ДООЕЛ Скопје, денеска ќе презентираме документ, извештај од надзорот на Водовод за објектот „Варшавска“.
Имено, јасно пишува на извештајот дека инвеститор е ЈП Водовод и канализација, а изведувач е КОДИНГ. На истиот документ јасно пишува од страна на надзорот, дека на 12 август изведувач е КОДИНГ и веќе на тој истиот датум е стигнато и изведено до точка 18 согласно планот за активности. Она што е уште поголем доказ дека фирмата работи без тендер е тоа што јасно надзорот посочува, потенцира и пишува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20 август водоводот се завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализационата мрежа. Ова е прилично сериозен доказ, кој што верувам дека ќе се обидат да го објаснат и институциите, но и ЈП Водовод.
Уште еден доказ дека без тендер е работено на ул. „Варшавска“, реконструкцијата на водоводната мрежа е покренатата дисциплинска постапка против работници кои се фатени на 20 август како не се на своето работно место, односно истите се седнати во кафеана.
Истата дисциплинска постапка е реализирана и работникот кој што е фатен што не е на своето работно место, односно кај што се реконструира ул. „Варшавска“ на 20 август, е казнет од страна на директорот на ЈП Водовод со 20% казна на плата еден месец. Ова е и можеби најголемиот апсурд во целиот овој случај каде што е казнет работник на ЈП Водовод од страна на директорот со 20% на плата еден месец, за работа односно на работно место каде што бил, каде што се реконструирала мрежа, а немало ниту избор на најповолен понудувач односно немало тендер, истакна тој.
Арсовски посочи:
„Да се навратиме на суштината, односно на главната суштинска тема, а тоа е прекршување на Законот односно кривичното дело согласно член 353, каде што двоецот Шилегов – Весковски наместиле тендер за фирмата КБК Инженеринг и КОДИНГ.
Бидејќи институциите спијат, ние целокупната документација која ја објавувавме на прес конференции овие денови, но и онаа која што не ни е објавена, а има прилично обемна документација, заедно со кривичната пријава која што веќе е подготвена од страна на правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поднесеме утре до јавното обвинителство во име на ВМРО-ДПМНЕ, односно до секторот за организиран криминал“.
Comments are closed for this post.