Власта врши силен притисок врз сопственици на медиуми да не го третираат случајот со пожарот во тетовската болница, објави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Начинот на функционирање не само на владата на Заев, туку и на целиот круг на Заеви е на криминално-мафијашка основа се знае ако падне еден паѓа системот, така е во мафијата, така е и сега, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.
Според него оставки во оваа влада нема да има, падот ќе се им се случи по локалните избори.
-Тие работат по систем на мафија. Тие не го сфатија случајот сериозно, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и ај Филипче ќе даде оставка. Се обидуваат да извршат притисок врз медиуми темата да не се експлоатира во медиумите, рече Николоски.
Comments are closed for this post.