Оваа Влада работи по систем на мафија, тие се мафија. Тие не го сфатија случајот сериозно, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и ај Филипче ќе даде оставка. Се обидуваат да извршат притисок врз медиуми темата да не се експлоатира во медиуми, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.
-Во сета пиар агенда излезе нон пејпер, кој го има куцано Никола Димитров. Еве екслузивно автор е Димитров и зошто го има правено он знае дека има грешки. Но никој не се фати на јадицата. Поголема тема од оваа нема. Луѓето одат да се спасат во болница, а овде поради мафијаши умираат. До денес не објавија ниту колку и кои се починати, посочи Николоски.
Comments are closed for this post.