Учебната година започна со физичко присуство на сите ученици од основните и средните училишта и доследно почитување на сите мерки за заштита од Ковид-19. Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени од раководствата на училиштата на втори септември, меѓу учениците, само 0,01 отсто се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар, соопшти Министерството за образование и наука.

Во училиштата строго се почитуваат планот и протоколите за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички пероснал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете. Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите.

Брзата реакција и почитувањето на мерките е најдобрата заштита. Ги повикуваме наставниците, родителите и раководствата на училиштата доколку се сомневаат за позитивен случај веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби кои ќе постапат согласно алгоритмите, велат од МОН.

Во учебната 2021-2022 година, настава во основните и средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици