Независната кандидатка за градоначланик на Скопје, Данела Арсовска, на средба со високи претставници на Алијанската за Албанците, разговарала за неопходните нови идеи и ефикасни решенија за Скопје и неговите граѓани.
Конструктивна средба со Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани – напиша Арсовска на социјалните мрежи.
Comments are closed for this post.