Скопје мора да стане град на сите луѓе. Имавме во предвид дека потребно е да се решение кое ќе може надпартиски да обедини професионалци и компетентни луѓе. Токму затоа ИК, а потоа и ЦК донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје, а тоа е Даниела Арсовска, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека Арсовска е личност со импозантна биографија зад себе, со докажани и признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија.

Работи како меѓународен експерт кој ги креира политиките за интегритет за лидерите на земјите на Г20, тоа се најсилните економии на светот. Дел во раководството на Светската федерација на комори како единствен форум кој раководи со повеќе од 12.700 стопански комори од целиот свет. Само 4 жени во светот се носители на таа функција. Прогласена за најдобар женски пример во деловниот свет за Југоисточна Европа. Професионалци и компетентни луѓе со докажан квалитет и резултати зад себе е потребно е да ги преземат работите кои се важни за вашите животи. Затоа што времето за сите одминува. Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите жители на Скопје околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје. Скопје заслужува промени, Скопје ќе се избори за промени. Скопје заслужува силна жена за градоначалник која ќе ги штити пред сѐ и над сѐ интересите на градот. Данела е личност која победува, и убеден сум дека ќе победи и во оваа трка најзначајна за скопјани и градот Скопје – нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека овој град паметел подеми и падови, градители и разурнувачи. Паметни и способни луѓе, но и арогантни поединци кој ја имаат окупирано функцијата градоначалник.

Имаме 4 години стагнација.Скопје не смее да чека нови 4 години на експерименти и вложување надеж во арогантни и неспособни градоначалници и луѓе кои по 4 години мандат ќе ви велат дека само што не ги почнале ветувањата кои требале да ги започнат уште во првата година од мандатот. Ќе ветувањата не минуваат како и привидот од поставените тараби кои се единствената активност на местата каде требале да започнат да се реализираат ветените големи проекти. Данела за градоначалник е одговорот и решението. Донесовме значајна одлука денес, одлука со која се означува времето на промени, на нов почеток за Скопје кое ќе е на сите луѓе. Одиме на сигурна победа заедно со Данела Арсовска за Скопје – изјави Мицкоски откако на седница на Извршниот и Централниот комитет беше донесена одлука за кандидат за градоначалник на градот Скопје.

Тој на почетокот н конференцијата зборуваше на што се заснова нивната одлука. Вели Градот Скопје доживува сериозна стагнација. 4 години се промашени за развојот на главниот град. После 4 години власт на СДСМ во Скопје не се живее подобро како што беше ветувано пред 4 години.

Притоа клучните ветувања за капитални проекти кои ќе го подобрат живеењето на скопјани не се реализираат. Нема ниту еден значаен капитален проект од актуелната управа во градот кој е започнат, изграден, а потоа реализиран. Ако оправдувањето на власта е дека имало недостаток на средства за нови капитални проекти, тогаш одговорот е дека тоа не е точно затоа што за повеќе од 4 години потрошени се 4 буџети на градот Скопје од вредност е над 400 милиони евра. Повторувам потрошени се над 400 милиони евра, а епилогот е град кој не се развива и создава решенија за проблемите на скопјани. Во Скопје нема недостаток на финансиски средства за проекти, во Скопје има недостаток на градоначалник и тим кои ќе работат и ќе го развиваат градот. Наместо да се имплементираат проекти кои градот ќе го воведат длабоко во 21 век, имаме проблеми од 19 век. Делови на Скопје немаат вода за пиење, имаат проблем со канализација. Партизанска се поплавува при најмал дожд. Скопје нема Луна парк, но затоа има бетон, бетон и бетон кој го загрозува квалитетот на живот. Скопје не е центар на културните збиднувања. Нема капитални проекти кои ќе ги решат клучните проблеми на градот: загадениот воздух, сообраќајниот хаос, потребата од зеленило и паркови. Сето ова се последиците. Причините треба да ги бараме во ароганцијата на градоначалникот, неисполнетите ветувања, но и отсуството на работа. Епилогот е создавање на апатија, резигнираност кај граѓаните. Гадење од политика, и демотивација. Затоа на Скопје му е потребно способен и подготвен менаџер на градот, личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните за да се гарантира неговиот развој. Но исто така и влевање на сериозна надеж дека знаеме како треба да се обезбеди развојот на градот – рече Мицкоски.