Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека разноликоста на листите е потврда за слободата, а слободата носи повеќе демократија.

Се работи за многу важни избори зашто личностите се доминанти во перцепцијата на граѓаните кои треба да ја дадат довербата за следните четири години. Оттука, многу е логично да се јават повеќе охрабрени граѓани и за советнички листи и за градоначачници – изјави Заев.

Според него, СДСМ има одлична соработка со ДУИ, БЕСА и со ДПА, а коалицијата е стабилна и обединета.

Верувам во голема победа на нашата коалиција затоа што е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повече проекти во иднина – изјави Заев.