Грчката јавност е пријатно изненадена дека Македонија е подготвена да прими бегалци од Авганиста. Пофални зборови имаат и за Албанија и за Косово.

Во Албанија и Косово тие веќе пристигнаа, а во Македонија се очекуваат во секој момент.За разлика од нас, Грција која исто така е членка на НАТО ќе прими само неколкумина бегалци.

 

„Македонија ќе прими цивилно население Авганистан“; „Заев: Македонија ќе прифати цивилно население од Авганистан“; „Македонија и Албанија подготвени да примат бегалци од Авганистан“; „Албанија, Косово и Македонија ги отвораат вратите за авганистански бегалци“, се дел од насловите на текстовите во кои грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на премиерот Зоран Заев.

-Македонија изрази подготвеност да го прифати барањето на САД за да прими цивилно население од Авганистан. Премиерот на земјата Зоран Заев изјави дека Македонија ги информираше САД дека е на нивно располагање за да помогне во спасувањето на граѓани од Авганистан, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

-Албанија, Косово и Македонија, по барањето од САД, изразија подготвеност привремено да примат неодреден број авганистански политички бегалци кои ја напуштија земјата откако Талибанците ја презедоа контролата над главниот град, пишува онлајн изданието на весникот „Документо“.