Во Германија од 23 август сите невакцинирани ќе треба да приложуваат негативен тест за секоја посета на болници и негувателски домови, како и за отворени или затворени угостителски објекти, фризери, вежбални, спортски центри и базени.
Целта на мерките е да се натераат што повеќе луѓе да се вакцинираат поради стравот на властите во земјата од нов бран.
Остануваат во сила мерките за задолжително физичко дистанцирање и задолжително носење маски во трговијата и јавниот транспорт.
Од 11 октомври се укинуваат и бесплатните тестови за коронавирусот, по што, невакцинираните ќе мораат самите да плаќаат за тестот.
Се размислува целосно да им се забрани пристап на невакцинираните. Меркел соопшти дека оние кои се вакцинирани не треба да стравуваат од нов локдаун.
Comments are closed for this post.