Потрошувачките цени во Германија во јули се зголемија најмногу во последните 27 години, објави Дестатис, посочувајќи на зголемените цени на енергијата, но и ниската споредбена основа од минатата година, кога стапката на ДДВ беше привремено намалена поради пандемијата.
Цените скокнаа за 3,8 проценти минатиот месец во споредба со јули 2020 година, што е нивниот најголем пораст од крајот на 1993 година, објави во средата статистичката служба. Порастот во јуни изнесуваше 2,3 отсто.

Поради привремено намалување на стапката на ДДВ, цените нагло опаднаа во јули минатата година, што оваа година, по повеќекратното зголемување на данокот на додадена вредност, резултираше со повисоки цени на многу стоки и услуги и со тоа повисока стапка на инфлација, објаснува Евростат.