Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе делуваат како една пратеничка група, одлучи вечерва Извршниот комитет на партијата. Тоа значи дека другите пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ ќе се расформираат, а за тоа треба да биде известен и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Како што веќе објави ПресингТв, на чело на новата пратеничка група, како координатор, ќе застане пратеникот од Штип, Никола Мицевски. Tој ќе го замени Драган Данев, кој одлучи да се повлече по случувањата во партијата во изминатиот период
Како што брифираат од партијата, новиот координатор треба да даде изјава во текот на денот, а очекуваат и свое обраќање на фејсбук да има и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Comments are closed for this post.