Нов координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно, ќе биде Никола Мицевски. Како што дознаваме од партиски извори, вечерва Извршниот комитет треба да расправа за ова.

Драган Данев, досегашниот координатор, минатата недела спомена дека најверојатно тој нема да биде повеќе шеф на пратеничката група и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе функционираат како една пратеничка група, откако неколку пратеници ја напуштија коалицијата, а осуммина беа исклучени.

Данев беше координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по изборите. Тој заедно со уште двајца пратеници, Даниела Рангелова и Крсто Јовановски, гласаше на референдумот, а во Собранието не даде поддршка за уставните амандмани.