Откако се стишаа критиките поради дресовите во бордо боја во која Македонија требаше да игра на ЕП, се појави нов проблем. Овој пат не е проблем бојата на дресот која е во стандардната жолто црвена со сонце на срцето, туку амблелот на ФФМ.
Фудбалската федерација на Македонија е една од ретките кои не станаа „Северна“ и која одби да го промени називот. Тоа не и пречи ниту на УЕФА па затоа ФФМ си остана ФФМ.
Но, тоа и пречи на Грција,која иако не игра на ова Европско првенство,се побини во европската куќа.Тие бараат на дресовите да стои „Северна Македонија“ или Република Северна Македонија“ според Договорот од Преспа.
Но, мали се шансите за промена бидејќи официјалните дресови се веќе пријавени во УЕФА, а Македонија утре го игра првиот меч против Австрија.
Comments are closed for this post.