Ериксен колабираше на теренот пред крајот на првото полувреме и по десетминутна реанимација беше изнесен на носилки.Со брза лекарска интервенција беше спасен и сега му престои долга рехабилитација, предвидуваат докторите.

Капитенот на Данска Симон Кјаер е најзалужен што Ериксен остана жив.Тој реагираше најприсебно и веднаш притрча кога Кристијан колабираше и веднаш му го истегна јазикот од грлото за да не го лапне.Тогаш веројатно ќе му немаше спас.