По шпекулациите кои се појавија денес во некои македонски медиуми дека романската влада донела одлука за зголемување на посетители на натпреварите во Букурешт од ЕВРО 2020 до 50 % од капацитетот на стадионот, портпаролот на ФФМ Златко Андоновски, изјави дека до овој момент УЕФА останува на првичната бројка.

– Во моментот УЕФА останува на првично одредената бројка од 33% исполнетост на стадионот во Букурешт. Информациите од УЕФА ќе ги споделиме веднаш доколку има промена во однос на тоа прашање. До овој момент останува првичната бројка, објави Андоновски.

 

Навивачите на македонската фудбалска репрезентација кои не успеаја да обезбедат билети, со внимание ја следат ситуацијата и се надеваат дека сепак ќе биде зголемен процентот на гледачи од капацитетот (54 илјади) на „Национална арена Букурешт“