Бугарија е доследна на своите позиции за интеграцијата на државите од Западен Балкан во ЕУ со почитување на критериумот за иценка на индивидуалните постигнувања на секоја држава. Софија е подготвена за отворен и чесен дијалог со Скопје. Техничката влада спроведува политика на целосен континуитет и не може да се очекува промена на бугарската национална позиција во однос на Република С Македонија. Доследното исполнување на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година и добивање гаранции за тоа се двата основни критериуми кон кои се придржува Софија.
Ова го изјави на прес-конференција министерот за надворешни работи, Светлан Стоев, со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантос Силва, и комесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји.
Посетата доаѓа во услови на понатамошни обиди на Македонија и ЕУ да ја убедат Бугарија дека Македонија е подготвена за членство по одбивањето на Бугарија да ја поддржи рамката за преговори со Скопје за историскиот спор и непочитување на Договорот за пријателство.
Без да прецизира какви се предлозите, според протечениот во медиумите проект-документ, Португалското претседателство предлага гаранциите, што ги бара Бугарија да бидат префрлени во рамки на Процесот за стабилизација и асоцијација, каде Бугарија ќе нема право да поставува вето.
Еврокомесарот за проширување Вархеји изјави дека во консултациите за интеграцијата на државите од Западен Балкан, Бугарија е клучна земја-членка на ЕУ.
Силва, пак, подвлече дека решавачко за одлуката дали да биде дадено зелено светло за Тирана и Скопје, се политичките консултации со Софија.
Европската двојка треба да се сотане и со техничкиот премиер и претседателот на државата, Румен Радев. Претходно, во седиштето на ГЕРБ, обајцата имаа средба со екс-премиерот Бојко Борисов. Според партиското соопштение Борисов го истакнал значењето на инфраструктурното поврзување, но и во него немаше ниту збор за бугарското вето.
Comments are closed for this post.