На 14 мај Грција конечно ги отвора границите за туристите за тие што примиле вакцини, а за оние кои имаат негативен ПЦР тест. Плажите веќе се отворени од вчера, но под посебни правила. Владата во Атина информираше дека за влез во Грција ќе ви биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за имунизација.
Што треба да се знае за протоколите кои важат за плажите?
Туристите прво мора да испратат СМС порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите. Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите – чадор и две лежалки, мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.
Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки, а исто така за персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба. Музиката на плажа е забранета.
Comments are closed for this post.