Претседателот на Бугарија Румен Радев со декрет назначи привремена влада на Република Бугарија, која од утре ќе почне со работа.  Вршителот на должноста премиер ќе биде Стефан Јанев, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, со друг указ, претседателот Румен Радев го распушти 45-то Национално собрание и закажа предвремени парламентарни избори во Бугарија. Претседателот го потпиша указот за одржување предвремено гласање на 11 јули.

Шефот на државата минатата недела посочи дека 11 мај е најраниот можен датум за уредба за привремена влада. Според Радев, владата ќе биде избалансирана.

– Привремената влада има многу краток мандат, очекувањата се големи, одговорностите се високи и прашање на рамнотежа е да се најде најдобриот тим за комбинирање на оптимален начин за да се исполни оваа тешка задача – истакна Радев.